Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат, а не европскиот

t

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да го следи американскиот, а не европскиот пат.

„Европа е во проблеми – вашите економии ги задушува Брисел. Иновацијата е речиси мртва. Компаниите не растат во Европа. Вучиќ треба да го следи патот на САД, а не европскиот пат“, напиша Ричард Гренел на X.

Гренел реагира на изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос, која објави дека во Давос разговарала со Вучиќ за реформите што ѝ се потребни на Србија за да остане цврсто на европскиот пат и да напредува со планот за раст.

Српскиот претседател, кој е во Давос, изјави во врска со Одборот за мир на Трамп: „ќе видиме кои се задачите на тој комитет“.

„Едно е да се даваат пари за нешто да се обнови, а друго е кој ќе испрати воени трупи таму. Тој Одбор за мир дополнително ја подели Европа. Земјите од ЕУ или не учествуваат или сè уште не се изјасниле за тоа. Тоа нема да биде едноставна иднина… Некои велат дека тоа е паралелна организација на ОН. Не сум сигурен и не мислам дека е едноставно можно. Кина само изјави дека добила покана, Франција, Германија и Италија не учествуваат“, оцени тој додавајќи дека ситуацијата ќе биде појасна во наредните недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат,…

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Без гласови против: Албанија официјално влезе во…

Албанското собрание со 110 гласа „за“, еден…

По Гренланд, дали Канада е следна?

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател…

Велјко Јовановиќ, професор на Филозофскиот факултет: Полициската…

Велјко Јовановиќ, редовен професор на Одделот за…

Ладни училници и радијатори, учениците од ГУЦ…

Ладни училници, поради немање парно учениците од…