Без гласови против: Албанија официјално влезе во Одборот за мир
Албанското собрание со 110 гласа „за“, еден воздржан и без ниту еден глас „против“ го ратификуваше пристапниот договор на Република Албанија во Одборот за мир, иницијатива покрената од американскиот претседател Доналд Трамп. Во договорот земјата ја претставува премиерот Еди Рама.
Во рамки на седницата беше отфрлен и амандманот на опозициските пратеници со кој се бараше бришење на името на Рама од договорот. Амандманот не доби поддршка и беше одбиен со 79 гласа „против“, 30 „за“ и без воздржани.
Опозицијата инсистираше Албанија во Одборот за мир да ја претставува претседателот на државата, Бајрам Бегај. Сепак, претседателот Бегај во меѓувреме му даде овластување на премиерот Рама да го потпише пристапниот договор.
„Ја однесовме Албанија, посветена на мирот, на врвот на ОБСЕ и на масата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде со гордост и чест ги поставивме албанското знаме и нација“, изјави, меѓу другото, премиерот Рамa.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…