Објавено на:

ГРК Охрид го одбрани пехарот на струшкиот турнир

t

Во финалето на традиционалниот ракометен турнир што се одржува во Струга, ГРК Охрид и Вардар ги одмерија силите за пехарот и победник од оваа пресметка излезгоа охриѓани кои славеа со 31-30.

Во првото полувреме видовме изедначена пресметка со промени на водството, со тоа што ГРК Охрид на одморот замина со предност од 15-13.

На две и пол минути до крајот, ГРК Охрид повторно имаше три гола позитива (31-28). Драмата беше неизбежна, Валах запиша важна одбрана, а Малус доближи на 31-30 на минута до крајот.

ГРК Охрид не го искористи првиот напад за победа, но имаа среќа топката отиде во аут, не се снајдоа, Талески не стави печат, па останаа три секунди за напад за Вардар.

Чупиќ ја нацрта акцијата, но истата не беше реализирана, Славиќ ја запиша 11-та одбрана.

Најефикасен во победничкиот табор беше Филип Талески со девет голови, додека на спротивната страна најдобар беше Мохаб Абделхак со осум погодоци.

Хрватот Славиќ беше прогласен за најдобар голман, а Мартин Иваноски за најдобар играч на турнирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Шкендија го совлада Вардар во Скопје

Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…

Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…

Полициски службеници од СВР Охрид на 26…

Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…

Охрид на чекор да биде прогласен за…

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…