ГРОМ: Владата не смее да посегне по средствата од вториот пензиски столб
Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) се спротивстави на, како што наведува, заложбите за укинување на вториот пензиски столб и префрлање на средствата во првиот пензиски фонд, оценувајќи дека таков потег би го загрозил долгорочниот пензиски систем.
Од партијата посочуваат дека вториот пензиски столб е воспоставен врз основа на анализи на ММФ и Светската банка, со цел да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем.
Според ГРОМ, средствата во вториот пензиски фонд се приватна сопственост на осигурениците и не смеат да бидат предмет на интервенција. Во соопштението се наведува дека евентуално користење на тие средства би имало негативни последици врз идните генерации пензионери.
Партијата ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека со законски измени во изминатите години придонела за зголемување на дефицитот во пензискиот систем, преку намалување на придонесите и други, како што наведува, популистички мерки.
Од ГРОМ порачуваат дека ќе се спротивстават на каква било интервенција во вториот пензиски столб, оценувајќи дека стабилниот пензиски систем претставува еден од најважните стратешки интереси на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГРОМ е изненадена од леснотијата со која…
Граѓанската опција за Македонија ГРОМ е изненадена…
ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ! Андоновска: 3,4 доктори, 0,9 стоматолози…
-На 1000 жители имаме 3,4 доктори, вклучително…
Гром уби жена и маж на плажа…
Маж што продавал лежалки на плажа и…
Гром запали куќи кај Зајечар, во Краљево…
Градот кој синоќа ја зафати Србија предизвика…
Трагедија во Софија: Гром усмрти три лица,…
Три лица се усмртени, а четврто се…