Трагедија во Софија: Гром усмрти три лица, четвртото се бори за живот

t

Три лица се усмртени, а четврто се бори за живот по удар на гром вчера попладне во центарот на Софија.

Како што неофицијално јавува бугарската национална телевизија, загинатите се сириски државјани на возраст од 20 до 30 години.

Инцидентот се случил кога четири лица стоеле под големо дрво кое било погодено од гром. Кај тројца од нив е констатирана смрт на местото на настанот, а четвртиот се здобил со тешки повреди и е пренесен во болница.

Брзата помош била повикана во 18:14 часот и пристигнала девет минути подоцна. Кај тројца од жртвите била констатирана смрт на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…

Две лица загинаа во невремето во Бугарија…

Софија доби нов градоначалник: Победи кандидатот на…

Кандидатот на „Продолжуваме со промените - Демократска…

Затворена руската црква во Софија: Верници положија…

Верници вчера се собраа во дворот на…

Гром уби жена и маж на плажа…

Маж што продавал лежалки на плажа и…

“Паднаа” првите функционери во бугарското МВР по…

Министерот за внатрешни работи ќе подготви извештај…