Објавено на:

Груевски се огласи по најавите за екстрадиција: Министерството за правда да ги истражи криминалите на Заев

t

За првпат откако Петер Маѓар победи на парламентарните избори во Унгарија и најави екстрадиција на Груевски, поранешниот македонски премиер се огласи на социјалните мрежи во врска со оваа тема.

Во продолжение неговата објава на Фејсбук.

Го слушнав денеска излагањето на министерот за правда на Македонија, објаснувајќи на медиумите и јавноста како ревносно собирал информации од судовите и како ја чекал новата власт во Унгарија за да се информирал за промената на мојот и статус тука и да започнал постапка за екстрадиција.

Го гледам, и се прашувам кој е на власт во Македонија?! Гледајќи од страна, воопшто не личи дека СДСМ на криминалецот Заев со неговата омрза и валкани методи си заминала од власт.

Му предлагам на министерот исто толку ревносно да ги истражи злоупотребите и незаконските постапки при политичкиот прогон во годините на Заев, монтираните судски постапки и неправдите што ги направи за да може полесно да владее.

Му предлагам да собере информации како беа доставувани списоци од кабинетот на Заев за тоа кој треба да биде гонет за да се направи дека е криминалец и да се острани од политиката, а кој за да биде уценет и лажно да сведочи против други.

Да собере информации за еден куп сведоци или обвинети, кои со разни недозволени и незаконски уцени и закани беа приморувани да даваат лажни изјави и сведоштва.

Да собере информации од адвокатите на обвинетите со што се соочуваа тие, та некои од нив заради тешки притисоци и закани мораа да се повлечат од улогата на бранители, други се замолкнуваа, а трети не можеа да поверуваат што се случува во судниците.

Да ги прочита обвиненијата, т.н. божемни “докази”, да ги прочита пресудите и да види колку од нив се донесени со лажни претпоставки, заради притисокот што во тоа време го имаа судиите од апаратот на Заев и СЈО за кој веќе секојдневно излегуваат сведочења во медиумите, а министерот делува како да не ги видел.

Да види какви пресуди се носени за набавка на блиндирана кола каде сум обвинет дека сум виновен бидејки сум извршил влијание да се набави, за да остварам корист, а користа да ти била тоа што неколку пати ме превезувале со таа кола.

Да види како тоа сум набавил плацови а никому ниту сум дал пари, ниту сум побарал од него тоа да го направи во мое име, ниту пак фирмата која ги купила има било каква поврзаност со мене.

Да види како сум сум купил два стана кога сопственикот потпишал договор со мене да ми ги изнајмува, а неговиот директор кој божем ги купил за мене, кажува дека ги платил со свои пари, никогаш не земал од мене пари и дека никогаш не сум побарал ништо од него во животот ниту сме ја отвориле темата за становите иако сме сме среќавале службено.

Да прочита како тоа ме осудиле за насилство за наводни шамари, кои никогаш никој никому не ги удрил, после “крунското” сведочењето на сите советници на СДСМ во општината Центар чии главен адут беше дека го чуствувале мојот дух во протестите пред бараките на општината, и како судијата одби да ги сослуша сите сведоци предложени од мене, вкупно на број три.

Да види како се суди поранешен премиер затоа што сакал автопатот Кичево-Охрид да биде завршен порано, пред следните избори, затоа што сакал така да добие повеќе поени пред гласачите.

Да спореди како се финасирале сите партии, и да спореди дали имало некаква разлика во финасирање на ВМРО-ДМПНЕ.

Тивко и дискретно да си ги праша судиите да му кажат како доаѓале нарачките за пресуди од кабинетот на тогашниот премиер и што ги чекало ако пресудат поинаку, демонстрирани преку разрешувањето на судијата во предметот за патиштата кој штом постапи законски беше разрешен од судија за сите други да ја примат пораката.

И да не се чуди кога странски министри, премиери или новинари ќе ме нарекуваат криминалец. Луѓето веројатно не можат дури ни во најлуда фантазија да замислат зошто и како сум осуден, заради што тие ме нарекуваат криминалец.

Тие не се запознаени, ниту се должни да се запознаени со деталите на судските предмети и дека имаше реален и валкан монтиран прогон со политички мотиви, но министерот за правда на Македонија може да се запознае со деталите и да ги запознае кога ќе комуницира со нив.

Тие странски политичари, премиери, министри, новинари и слично, знаат дека има пресуди и само ја следеле реториката која со години ја имаше поранешната власт предводена од СДСМ и не се должни да проучуваат судски предмети, особено не кога ни новата власт, односно актуелниот министер не се труди да проучи и да објасни во какви околности, со каква политичка хајка и со какви неправди и незаконитости тогашната власт се пресметуваше со нестомислениците, во месеците кога се подготвуваше смената на уставот заради смена на уставното име и се прифати со посебен договор од историската комисија со источниот сосед да зависи дали и кога Македонија ќе стане член на ЕУ.

Треба да се погледне директно во очи на историската вистина на случувањата во Макеоднија во тој период ако министерот сака да има професионален однос и да се дистанцира од злоделата и криминалите на тогашниот премиер Заев, кој денес слободен како паун се шета низ Македонија.

Доколку не сака да чита, има и за гледање. Нека ги погледне интервјуата на поранешната обвинителка на СЈО Лејла Кадриу која раскажува како СЈО било како штаб на СДСМ и како ги затекнувала Заев и Шеќеринска таму.

Како еден од обвинителите излегувал од состаноци да прашува во СДСМ како да постапуваат по предметите пред да ги извести другите обвинители какво треба да е нивното мислење итн, или нека го погледне интервјуто со членот на врховниот суд Ристо Катавеновски, разрешен од судија затоа што одбил да спроведе наредба за потврдување на предметот “Тенк”, за кое имало таква нарачка од Премиерот.

Еден ден, се ова ќе допре и до ЕУ. Таа парадија на правосудниот систем на Макеоднија ќе се погледне од вистинскиот агол.

Ако министерот не сака да стане дел од еден голема валкана игра од минатото, собирајќи ги предметите од судот за мене, не зависно што тогаш бил член ан СДСМ, нека се потруди и нека ги провери и овие работи, па потоа нека дејствува како што е праведно и воден од својата совест и законите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…

Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…