Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое било изгладнувано – завршило на интензивна нега

t

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот на земјата, ги уапсила родителите на четиримесечно бебе кое било хоспитализирано на одделението за интензивна нега со знаци на изгладнување.

Во полициското соопштение се наведува дека бебето во средата било донесено во болница во „полумртва состојба“. Неговата состојба сега е постабилна, па од интензивна нега е префрлено на редовно болничко одделение.

Лекарите го известиле случајот во полиција, по што истражителите утврдиле дека, според нивните сознанија, родителите редовно го оставале бебето без храна.

Родителите биле уапсени во четвртокот. Двајцата се соочуваат со обвиненија за обид за убиство поради запоставување и за семејно насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…