Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
Продолжување на активности, но и заострување во следните денови, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок на кој учествуваа претставници на над 50 блока од цела Грција, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за средба,.
Претставници на земјоделците велат дека по денешниот состанок и со одлуките, покажале дека блоковите од цела Грција функционираат како еден обединет блок, објаснија дека не добиле суштински одговори од Владата и дека не се исполнети нивните услови за средба со владини претставници.
Дополнително нагласија дека се решени да продолжат со блокадите и ако е потребно и Божиќ и Нова година ќе ги поминат на улица.
Планираат од утре, по 14 часот по локално време, да затворат уште повеќе патишта и автопати и споредни улици низ цела Грција, а не е исклучена можноста одлуките за заострување на протестите да значи и повеќечасовни блокади на граничните премини.
Пораката на грчките земјоделци е дека не сакаат блокадите да бидат пречки за патувањата на граѓаните за божиќните празници и веројатно во вторник ќе ги отворат патиштата, но и патарините за слободно движење на возилата во пресрет на Божиќ.
Сепак за следните чекори, одлуки ќе бидат донесени во вторник, за кога е закажан нов состанок.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
Продолжување на активности, но и заострување во…
Годишно обраќање до нацијата на американскиот претседател…
„Го наследив хаосот, сега ја водам Америка…
Одбиена жалбата на екс државниот правобранител Фехми…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје,…
СДСМ ја оспори пред уставниот суд резолуцијата…
Опозициската СДСМ пред уставен ќе ја оспорува…
Кошта: Властите во Македонија знаат што треба…
ЕУ бара забрзување на реформите и имплементација…