Грчките земјоделци не попуштаат: И денес блокади на Евзони и Ники
Во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време се очекува и денеска грчките земјоделци да го блокираат граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со грчки производи, додека пак низ целата земја поставени се над 50 блока, јави дописничката на МИА од Атина.
На граничниот премин Евзони, паркирани се над 300 трактори, а веќе десет дена грчките земјоделци периодично го затвораат за сообраќај.
Блокови се поставени и на другите гранични премини, на Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што секојдневно се одлучува дали и на колку време ќе се блокира сообраќајот, на Промахноас и Орменио кон Бугарија и на Кипи кон Турција забраната се однесува само на камиони.
Главниот блок на земјоделците е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се одвива по споредни патишта, а за денеска најавен е протест во градот Волос и блокада на пристаништето.
Комитетот надлежен за земјоделските блокадите низ цела Грција, за сабота закажа нов состанок на кој ќе се донесе одлука за следните чекори.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а бараат и исплатата на заостанатите субвенции.
Блокади се поставени на низа автопати и локални патишта низ цела Грција, со што отежнат е сообраќајот и се одвива по споредни улици.
Вчера, како што објави МИА, обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас побарал, обвинителите во целата земја со помош на надлежните полициски органи да интервенираат во случаите кога се вршат кривични дела што се гонат по службена должност во однос на земјоделските блокади и доколку со тоа се нарушува безбедноста во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките земјоделци не попуштаат: И денес блокади…
Во периодот од 12 до 16 и…
Фармацевт во Грција осомничен за измама од…
34-годишен фармацевт во Грција, осомничен дека е…
Најавени нови блокади на грчките земјоделците на…
Со поставени над 50 блокади низ цела…
Грчките земјоделци ги интензивираат активностите – денеска…
Земјоделците од цела Грција, кои веќе една…
АМСМ: Отстранета блокадата на Евзони, нормализиран сообраќајот…
Од вчера од 21:00 часот блокадата за…