Дали е на повидок нова енергетска криза?!Бугарија привремено го ограничува извозот на нафтени деривати

t

Парламентот ан Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании.

Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот пазар на гориво поради санкциите на САД за руските енергетски компании, вклучително и „Лукоил“, кој управува со најголемата рафинерија за нафта во Бугарија.

– Во контекст на намалената предвидливост на снабдувањето, привремена забрана за извоз и испораки во рамките на ЕУ се воведува како пропорционална и неопходна мерка за заштита на јавниот интерес, истакнаа авторите на предлогот.

САД минатата недела воведоа санкции насочени кон руските нафтени компании „Росњефт“ и „Лукоил“, вклучително и замрзнување на сите нивни средства во САД и забрана за сите американски компании да соработуваат со нив. Компаниите што работат со „Росњефт“ и „Лукоил“ може индиректно да бидат санкционирани.

Исклучоци се дозволени за полнење гориво на локални и странски бродови и авиони, како и за испораки на вооружените сили на НАТО или на вооружените сили на земјите-членки на ЕУ, кога тоа е поврзано со заедничката безбедносна и одбранбена политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали е на повидок нова енергетска криза?!Бугарија…

Парламентот ан Бугарија денеска го усвои предлогот…

Мециновиќ: Дојде времето на одлука и конечен…

„По првиот круг системот прокрваре. Во вториот…

Десетици илјади луѓе се движат кон Нови…

Десетици илјади студенти и граѓани од сите…

Условна казна затвор од две години за…

Условна казна затвор од две години, која…

Јакимовски: Излези и гласај – за да…

Излези и гласај – за да не…