Десетици илјади луѓе се движат кон Нови Сад за утрешниот комеморативен собир, запрени сите возови низ земјата
Десетици илјади студенти и граѓани од сите делови на Србија се движат кон Нови Сад, каде што утре ќе се одбележи првата годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица, при што починаа 16 луѓе. Тоа ќе биде кулминација на едногодишните секојдневни протести против корупција и власта на Александар Вучиќ.
Српскиот претседател се закани со масовни апсења ако собирот стане насилен и најави дека неговите поддржувачи планираат многу поголем собир подоцна во ноември. Тој исто така се обиде да ги намали големината и значењето на утрешниот комеморативен опозициски собир.
Запрашан да го прокоментира она што ќе се случува во Нови Сад, Вучиќ кажа:
„Што има во Нови Сад? Да не се игра некој фудбалски натпревар? Многумина ќе бидат разочарани поради претераните очекувања од собирот. Нема да има промени во владата“.
Најголемиот дел од протестите и собирите предводени од студентите беа мирни, но на моменти имаше и насилства, а полицијата се обвинуваше за бруталност, тепање и произволни притворања, што ги засили тензиите во земјата.
Денеска се запрени сите возови низ земјата поради наводни дојави за подметнати бомби. На сајтот на „Србијавоз“ не беше можно да се купи карта за возот Белград-Нови Сад.
Голема колона луѓе вчера тргна на 90-километарско пешачење од Белград до Нови Сад, каде што пристигнуваат и групи студенти од други српски градови, кои го започнаа своето патување во изминатите две недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиство во Богданци? Пронајдени две безживотни тела!
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…
Туск подготвен за средба со полскиот претседател…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е…
Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови…
Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата…
Од утре исплата на средства за клиентите…
Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат…
Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…
Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…