Дали Мицкоски ја преориентира државата? „Македонците веќе не се пронаоѓаат на Западот“, тој бил „левичарско-прелиберална“ средина
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер“ ги повтори своите претходно кажани оценки дека се забележува зголемен тренд на враќање на македонските иселеници во земјава, нагласувајќи дека тоа е „јасен сигнал дека граѓаните повторно ја гледаат својата иднина дома“.
Тој наведе пример од неодамнешното враќање од Брисел, кога на летот од Франкфурт за Скопје бил испратен авион со значително поголем капацитет од вообичаениот. Мицкоски тврди дека ова не е изолиран случај, туку тренд кој сè почесто се забележува и кој, како што рече, носи голема одговорност за институциите.
„Мислам дека е моментот тие луѓе да си ги вратиме дома, а наша обврска како држава е да им понудиме работа, стабилност и услови за достоинствен живот“, вели премиерот.
„Тоа го слушам сè почесто — луѓе кои сакаат да се вратат ако како Влада им обезбедиме инвестиции, работни места, дел од нив да имаат можност за сопствен бизнис растеретени од притисокот дека секаде мора да се потплати за да успеат, едноставно да обезбедиме надеж“, додаде тој.
„Бидејќи таму веќе не се пронаоѓаат, ниту ја гледаат таа средина како место каде што треба нивните деца треба да се развиваат – од една страна левичарско прелиберална, а од друга страна обременета и под притисок од други култури, менталитети и сентименти кои се мешаат и создаваат притисок врз нив кој не можат да го издржат и убеден сум дека ќе сакаат да се вратат. Убеден сум дека со проактивни политики ќе успееме да ги вратиме“, рече Мицкоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Мицкоски ја преориентира државата? „Македонците веќе…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер“…
Путин: Западот ја распарчи Југославија и Србите
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…
Орбан предупредува: Западот ја води Европа кон…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ризикот…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…