Данска распореди регрути во Гренланд
Данска распореди регрути во Гренланд, својата автономна прекуокеанска територија, за прв пат во својата модерна историја, објави данското Министерство за одбрана.
Во соопштението се вели дека првата група регрути од пешадискиот полк Шлезвиг пристигнала во главниот град на Гренланд, Нуук, на почетокот на август, од каде што биле распоредени на неколку локации во регионот Кангерлусуак на југозападот од земјата, каде што извршуваат оперативни должности како дел од вежбата „Арктичка издржливост“, објавува списанието „Арктик тудеј“.
Данските регрути испратени во Гренланд се меѓу првите што отслужуваат продолжен воен мандат од 11 месеци и за прв пат им се доделени оперативни задачи за време на вежбата.
Данското Министерство за одбрана, исто така, наведува дека Копенхаген ќе продолжи и ќе го прошири своето воено присуство и активности на Арктикот и Северниот Атлантик до крајот на годината, заедно со неколку сојузници на НАТО, и дека авиони, бродови и војници ќе бидат присутни во и околу Гренланд во зголемен број во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска распореди регрути во Гренланд
Данска распореди регрути во Гренланд, својата автономна…
Брисел му возврати на Трамп: Ќе го…
Европската комисија во средата одговори на новите…
Македонскиот научник Петар Поповски во Данска стана…
Угледниот научник од Македонија и долгогодишен професор…
Трамп никогаш не сакал да го нападне…
Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Кралот на Данска патуваше низ Гренланд со…
Данскиот кралот Фредерик X патувал низ Гренланд…