Два авиони на „Американ Ерлајнс“ се судриле подготвувајќи се да полетаат од аеродром во Вашингтон
Два патнички авиони „Боинг 737“ на американската авиокомпанија Американ ерлајнс се судриле вчера околу 17:10 часот по локално време, непосредно пред полетувањето од меѓународниот аеродром Роналд Реган кај Вашингтон, пренесува Би-Би-Си.
Во инцидентот нема повредени, но на едното летало му се откина завршниот дел од крилото, потврди американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА).
Судирот се случил додека двата авиони се движеле кон пистата за полетување. Според податоците на Федералната администрација за авијација на САД, аионот на летот AA638, кој требало да полета кон Далас, го зафатил крилото на авионот на летот AA2152, планиран за Чикаго.
Пилотот ја предупредил контролата дека целиот откинат дел се наоѓа на тлото од десната страна на авионот. Поради опасноста од остатоци на пистата, контролорите на летање му наредиле на друг авион да го прекине слетувањето, а останатите екипажи биле предупредени за можни доцнења.
Откако аеродромските служби го отстраниле откинатиот дел од крилото, двата авиони се вратиле на терминалот, каде што биле прегледани од противпожарните и спасувачките екипи. Американ ерлајнс ги повлече двете летала од сообраќај заради технички преглед, им се извини на патниците и соопшти дека ќе им обезбеди заменски авиони, додека ФАА отвори истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Моди леташе со борбени авиони произведени…
Премиерот го постави домашното производство на оружје…
Соборени два украински борбени авиони
Руската војска, исто така, соопшти дека неутрализирала…
Германија распоредува борбени авиони во Романија
Германија од крајот на ноември ќе распореди…
Њу Јорк Тајмс: САД го дуплираат своето…
САД го дуплираат своето воено присуство во…
Кинески авиони го нарушиле воздушниот простор на…
Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти…