Два земјотреси се регистрирани денес во Грција
Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција во текот на утрото, при што двата потреса имале магнитуда над 4 степени според Рихтеровата скала.
Првиот и посилен земјотрес се случил околу 6:40 часот, со магнитуда од 4,3 степени. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 25 километри од островот Скијатос, на длабочина од околу 10 километри. Потресот бил почувствуван во околните подрачја, а жителите споделиле вознемиреност преку платформата на EMSC.
„Зградата се затресе“, „беше силен, но краткотраен“ и „чувствував како креветот ми се ниша“ се дел од сведоштвата објавени по потресот.
Неколку часа подоцна, во 9:42 часот, бил регистриран и втор земјотрес со магнитуда од 4,2 степени. Според грчкиот весник „Катимерини“, епицентарот бил во морето, на околу пет километри источно од Василика во северниот дел на островот Евија, додека Геодинамичкиот институт проценува дека хипоцентарот бил на длабочина од околу 16,8 километри. Вториот земјотрес бил почувствуван и во делови од регионот Атика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два земјотреси се регистрирани денес во Грција
Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…
Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…
Еден од најголемите центри за податоци во…
Турција и Грција ја освојуваат Месечината
Турција планира да го испрати својот прв…
Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…
Дете на возраст од околу пет години…
Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената
Човекот кој треба да стане првиот грчки…