Двајца минувачи спасија жена од Вардар кај Камениот мост
Двајца случајни минувачи денеска реагирале и извлекле жена од реката Вардар во близина на Камениот мост во центарот на Скопје.
Жената, на возраст од околу 50 години, по спасувањето била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош.
На местото пристигнале и две екипи на интервентната полиција и екипа на „Алфа“. Засега нема официјални информации за околностите под кои жената завршила во реката, ниту за нејзината здравствена состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца минувачи спасија жена од Вардар кај…
Двајца случајни минувачи денеска реагирале и извлекле…
Не се сите против: Мескико и Аргентина…
По бројните контроверзи на последниот Мундијал, но…
Големите европски аеродроми го деактивираат системот ЕЕС…
Долгите редици на безбедносните контролни пунктови ги…
Тешко повредена 64-годишна жена во сообраќајка меѓу…
Шеесет и четиригодишна жена е тешко повредена…
Пукање во Скопје: Двајца на мотоциклисти пукале…
Рано утрово во Сарај се случил вооружен…