Големите европски аеродроми го деактивираат системот ЕЕС поради доцнења на летовите
Долгите редици на безбедносните контролни пунктови ги поттикнуваат големите европски аеродроми да го деактивираат Европскиот систем за влез/излез (EES) кога доцнењата на летовите поради голем број патници стануваат предолги, пишува италијанскиот бизнис весник „Il sole venti quatro ore“.
Според податоците од бројни аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници на аеродромите и предизвикува долги редици, особено во летните месеци кога обемот на патувања е најголем, и затоа периодично го деактивираат.
Такво решение е предвидено со регулативата на ЕУ.
Европската комисија одобри суспензија на собирањето биометриски податоци до 6 септември во случај на исклучителни околности.
Сепак, девет земји, вклучувајќи ја и Италија, веќе бараат привремената суспензија да се продолжи и понатаму.
Во писмо до Магнус Брунер, европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Италија, Франција, Германија, Белгија, Холандија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија ја потврдија својата посветеност на целосна имплементација на системот, но исто така нагласија дека досегашното искуство покажало дека во исклучителни околности можат да се појават значителни тешкотии и дека ризиците не треба да се потценуваат.
Во Италија, повеќе од 120 патници беа заглавени на аеродромот Линате кон средината на април поради доцнења предизвикани од системот ЕЕС, објави италијанскиот весник.
Тоа предизвика долги редици и прекини, летовите беа одложени, а патниците беа принудени да го откажат летот до Манчестер.
Од 156 планирани патници, само 34 успеаја да се качат, пренесе „Бета“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големите европски аеродроми го деактивираат системот ЕЕС…
Долгите редици на безбедносните контролни пунктови ги…
Тешко повредена 64-годишна жена во сообраќајка меѓу…
Шеесет и четиригодишна жена е тешко повредена…
Пукање во Скопје: Двајца на мотоциклисти пукале…
Рано утрово во Сарај се случил вооружен…
Дрска кражба во Центар: Скопјанец побарал помош…
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35)…
Радовишката Пожарна преку интернет-кампања собира донации за…
Територијалната противпожарна единица од Радовиш, во екот…