Две деца избодени со нож во Скопје за само еден ден, полицијата ги истражува нападите
Два одделни случаи на насилство меѓу малолетници со употреба на нож се случиле во текот на истиот ден во Скопје, при што повредени се 12-годишно и 15-годишно момче.
Според информациите, првиот инцидент се случил во населбата Шуто Оризари, каде 12-годишно дете било нападнато со нож од друг малолетник и завршило во болница со повреди. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Вториот случај е регистриран во Драчево, каде 15-годишник бил нападнат со остар предмет од врсници. И за овој инцидент полицијата презема истражни мерки за идентификување на сите учесници и утврдување на одговорноста.
Овие два нови случаи доаѓаат во период кога јавноста е силно вознемирена поради серијата инциденти со врсничко насилство во земјата, што повторно ја отвора дебатата за безбедноста на децата, навременото пријавување на насилството и улогата на институциите во неговото спречување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две деца избодени со нож во Скопје…
Два одделни случаи на насилство меѓу малолетници…
Погрешно „умрен“ поради брат-близнак: Скопјанец 25 години…
Неверојатен институционален пропуст го претворил скопјанецот Афет…
Три жени се истепаа меѓусебе во сообраќаен…
Обична расправија во сообраќајот прерасна во физичка…
Македонската индустрија останува без работници – кој…
Македонската индустрија сè потешко успева да го…
Зајкова: По 11 дена, случај со седум…
Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова…