Делови од Дебар соочени со недостиг на вода, ЈКП „Стандард“ апелира на рационална потрошувачка

t

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар апелира до жителите да ја користат водата исклучиво за неопходни потреби, со оглед на тоа што неколку населби од градот во изминатите денови се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Проблемот со водоснабдувањето во дел од населбите, велат оттаму, станува сè посериозен.

„Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме четири, а потоа и петчасовна рестрикција, во населбите Венец 1, Венец 2, Тараник и Ќернаница, но проблемот станува сè посериозен, бидејќи во делови на градот вода нема и повеќе часови, посебно во повиоските катови на станбените згради“,велат од ЈКП „Стандард“.

Секоја употреба на водата што не е од суштинска потреба се смета за злоупотреба, велат од претпријатието и замолуваат граѓаните да не ја користат за наводнување, полнење на базени, миење дворови и тротоари. Додаваат дека секој заштеден литар помага повеќе семејства да имаат пристап до вода за пиење во овој период.

Од претпријатието додаваат дека нивни екипи во континуитет работат на стабилизирање на водоснабдувањето и преземаат мерки за што побрзо подобрување на состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делови од Дебар соочени со недостиг на…

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар апелира…

Инфантино се откажа од идејата по заканите…

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа…

Гори на пет места низ Македонија, под…

На ден 01.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Израелската војска уби двајца Палестинци во Газа,…

Израелската војска денеска уби двајца Палестинци и…

Голем пресврт и победа за македонските јуниори…

Кошаркарската јуниорска репрезентација на Македонија до 18…