Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

t

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција.

„Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. Сегашниот доживотен мандат не обезбедува доволна одговорност, ниту пак ја зајакнува довербата на граѓаните во судскиот систем.

Исто така, ДС смета дека е неопходна промена на Уставот со која судиите ќе можат да подлежат на кривична одговорност за донесена судска одлука кога таа претставува резултат на злоупотреба на судиската функција, корупција или намерно кршење на законот. Независноста на судството не смее да биде злоупотребена како заштита од одговорност.

Во однос на финансирањето на судството, Демократски сојуз потсетува дека Македонија располага со ограничени буџетски средства. Платите и надоместоците на судиите треба да бидат во согласност со реалните можности на државниот буџет и со потребите за финансирање на другите важни јавни функции. Самостојниот судски буџет и независноста во финансирањето не значат оправдување за енормно високи плати, ниту за злоупотреба на прекувремена работа, дневници и различни бонуси.

Граѓаните очекуваат судството конечно да испорачува правда, а не арбитрарни условни казни за бизнис и политички моќници. Законот мора да важи еднакво за сите, а сторителите на тешки кривични дела и висока корупција да добиваат санкции што одговараат на тежината на делата.

Демократскиот сојуз очекува и Јавното обвинителство значително да ги засили истрагите, особено во предметите поврзани со високата корупција и организираниот криминал, и конечно да испорачува резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Демократскиот сојуз останува доследен на ставот дека без темелни и храбри реформи во судството нема владеење на правото, нема успешна борба против корупцијата и нема вистински напредок на Македонија кон членство во Европската Унија“, се вели во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат…

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на…

Германско-француски тандем во трка со времето

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател…

Најмногу дожд наврнал во Берово

За изминатите 24 часа до 8 часот…

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Зошто над 1.000 гостиварци…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт во Гостивар,…

СДСМ: Со прогласување на епидемија во Гостивар…

Пораките од експертите се јасни – епидемија…