ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Зошто над 1.000 гостиварци пројавија симптоми на труење?

t

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, дека со несовесно и непрофесионално работење го довела градот до колапс и го загрозила здравјето на граѓаните.

Од партијата посочуваат дека во изминатите денови повеќе од 1.000 жители на Гостивар, меѓу кои и деца, побарале лекарска помош со симптоми на труење, а како можна причина го наведуваат загадувањето на водата за пиење.

„Според информациите, постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата оценуваат дека случајот покажува отсуство на капацитет кај локалната власт да управува со општината и да обезбеди основни услови за живот.

„Ваквиот начин на водење на локалната самоуправа, кој граѓаните ги остави без елементарното право на чиста и безбедна вода за пиење, е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет да ја водат општината“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата изрази загриженост за здравјето на граѓаните и побара целосно расчистување на случајот од надлежните институции.

„Бараме и очекуваме целосно расветлување на случајот и повикуваме секој што со своите постапки го загрозил здравјето и го ставил во опасност животот на граѓаните да одговара согласно со закон“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Конечните лабораториски анализи треба да утврдат дали водата за пиење е причината за здравствените проблеми кај граѓаните. Дотогаш, наводите за одговорност и за начинот на интервенција во водоводниот систем остануваат предмет на проверка од надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…

Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…

Владата не може да ги обезбеди законски…

КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…