Денеска е Ден на победата над фашизмот

t

Денеска на глобално ниво се одбележува Денот на победата над фашизмот. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна.

Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

Денеска во дворот на Владата пред споменикот на Ослободителите на Скопје ќе биде одбележан 9 мај – Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа. Македонија ќе го одбележи денот со дефиле на единиците на АРМ во касарната „Илинден“, со панел-дискусија и со свечена академија во МНТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска е Ден на победата над фашизмот

Денеска на глобално ниво се одбележува Денот…

Левица: Срамот во ООН продолжува со Фрчковски…

Во Генералното собрание во ООН, со 112…

Роберт Фицо: Во украинската војска има фашисти

Има фашисти во украинската армија, на пример…

Цел свет врска нема од историја –…

Фашизмот никогаш не бил на власт во…

(Видео) Мојсоска: Левица ќе испрати писмо до…

„Левица ќе испрати официјално писмо до Советот…