Објавено на:

Денеска најмногу дожд имало во Охрид, а најстудено било во Лазарополе и Маврови Анови

t

Под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот денеска во земјата имаше поројни и пообилни врнежи од дожд. Најмногу дожд до 19 часот има наврнато во Охрид, и тоа 34 литри на кубен метар.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поголема количина на дожд има наврнато и во Гевгелија, и тоа 25 литри.

Во однос на температурата, во 19 часот највисока е измерена во Гевгелија – 14 Целзиусови степени, а најниска била во Лазарополе и во Маврови Анови, и тоа 6 степени.

Од УХМР информираат дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. В понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни со над 30 литри на метар квадратен за 24 часа и со услови за појава на грмежи.

Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво, најавува УХМР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска најмногу дожд имало во Охрид, а…

Под влијание на влажни воздушни бранови од…

Во понеделник ќе се чисти резервоарот во…

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека…

Лавров: Работиме на наредба на Путин за…

„Во врска со наредбата на претседателот Владимир…

Вучиќ: Подготвен сум да разговарам со Дијана…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ порача…

Инцидент на Бензинска во Кавадарци: Приведена е…

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска…