Вучиќ: Подготвен сум да разговарам со Дијана Хрка, мојата совест е чиста
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ порача денеска на мајката на настраданиот младич во новосадската трагедија Дијана Хрка, која веќе седум дена штрајкува со глад пред Народното собрание, дека е подготвен да разговара со неа и дека неговата совест е чиста.
Вучиќ рече дека е подготвен да ја прими Дијана Хрка „секогаш и во секој момент“ и дека е подготвен да ја посети, но разговорот да помине без политичка престава во која ќе бидат опкружени од 500 луѓе“, и без обид за предизвикување инцидент.
„Јас сум претседател на сите граѓани и морам да ги поднесам и најтешките можни навреди и најлошите невистини, но секогаш морам да бидам подготвен да разговарам“, рече Вучиќ, додавајќи дека ја разбира тежината на нејзината болка.
Вучиќ ја замоли Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад, предупредувајќи дека „никој не смее да си игра со сопсвеното здравје“.
„Немам ништо лично против госпоѓата Дијана Хрка. Подготвен сум да разговарам, да ја сослушам, да помогнам ако можам. Ако сака да дојде во Претседателството, ќе ја примам независно од распоредот. Мојата совест е чиста, затоа што ја водев земјата во тешки моменти и ја зачував стабилноста повеќе од 14 години“, рече Вучиќ.
Тој потврди дека го посетил семејството Фириќ во Нови Сад, мајката која ги загуби ќерките Сара и Валентина во падот на настрешницата на новосадската железничка станица.
Како што наведе, при таа посета „не понел ни камери, а не била снимена ни со телефон“, а информациите протекоа во јавноста преку ширење од „групите на блокадите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…
Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…
Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…
ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…
Работната група за јазични и малцински права…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…
Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…
Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…