Денеска нова цена на парното

t

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.

Одлуката каснеше неколку месеци поради тоа што Комисијата ја чекаше проценката на вредноста на топланите од Бирото за процена, документ неопходен за утврдување на конечната тарифа.

Првичните најави уште од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија побарале околу 50 проценти повисока цена. И во пресрет на денешната седница, тие повторно доставиле пресметки со зголемени трошоци.

Одлуката што ќе биде донесена денеска треба да даде појасна слика дали и за колку ќе поскапи парното греење за домаќинствата и за деловните корисници од декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на златото достигна нов историски максимум

Цените на златото пораснаа за 1,2 проценти…

Цената на златото повторно достигна историски максимум

Цената на фјучерсите за злато за испорака…

Цената на златото руши рекорди

Четири децении, професионалните менаџери на пари можеа…

Утре одлука за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…

Пазарната неизвесност повторно ја зголемува цената на…

Стравувањата од трговска војна предизвикани од воведувањето…