Денеска нова цена на парното
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.
Одлуката каснеше неколку месеци поради тоа што Комисијата ја чекаше проценката на вредноста на топланите од Бирото за процена, документ неопходен за утврдување на конечната тарифа.
Првичните најави уште од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија побарале околу 50 проценти повисока цена. И во пресрет на денешната седница, тие повторно доставиле пресметки со зголемени трошоци.
Одлуката што ќе биде донесена денеска треба да даде појасна слика дали и за колку ќе поскапи парното греење за домаќинствата и за деловните корисници од декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на становите во Скопје пораснаа за…
Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да…
Од следната недела значително намалување на цените…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по…
Падна цената на златото
На почетокот на април 2026 година, благородниот…
Суровата нафта од типот Брент денес достигна…
Суровата нафта од типот Брент денес достигна…
Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем…
Цените на американската сурова нафта го забележаа…