Денеска топло, попладне со услови за дожд

t

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов.

Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

За време на викендов, како што е најавено, претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност.

Од почетокот на работната седмица пак, во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска топло, попладне со услови за дожд

Сончево и топло време со мала до…

Тинејџер нападнат во близина на училиште

На 18.06.2026 во 21:00 часот во Полициската…

Осомничениот за палење на дипломатските возила ќе…

Обвинителството за гонење на организиран криминал и…

НЕМА КРАЈ НА СОФИСКИТЕ УЦЕНИ КОН МАКЕДОНИЈА:…

Новиот бран бугарски барања кон Македонија би…

Голема реформа во здравството: Итната помош станува…

Двегодишно дете паднало од четврти кат на…