Голема реформа во здравството: Итната помош станува самостојна институција

t

Двегодишно дете паднало од четврти кат на зграда во Скопје
Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош во Скопје, на предлог на Министерството за здравство.

Со оваа реформа се предвидува подобрување на системот за итна медицинска помош, скратување на времето на интервенција и зголемување на ефикасноста при спасување животи.

Во првата фаза од процесот, Итната медицинска помош – Скопје ќе биде издвоена и ќе функционира како самостојна институција.

Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека новиот модел ќе овозможи поефикасно управување со ресурсите, подобра организација и побрзо носење на одлуки во итните случаи.

Од Министерството за здравство посочуваат дека концептот е базиран на позитивни искуства од земјите во регионот и треба да помогне во надминување на долгогодишните кадровски и организациски предизвици во системот на итната медицинска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…

Новата рунда разговори за мир во Украина…

Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…

БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50…