Денеска ќе нема струја до 14 часот, најавени исклучувања во повеќе општини
Делови од скопските општини Чаир, Сопиште, Аеродром, Кисела Вода и Бутел ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани технички зафати и реконструкции на дистрибутивната мрежа, соопштија од електродистрибуција.
Во општина Чаир, во периодот од 08:00 до 11:30 часот, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците од дел од улица „Славеј Планина“, дел од улица „Прохор Пчински“ и дел од улица „Јоаким Крчовски“.
Во општина Сопиште, без електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците во Ракотинци и месноста Горно Соње, од црквата „Св. Никола“ нагоре.
Поради реконструкција на нисконапонската мрежа во општина Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот без напојување ќе бидат корисниците на улиците „Ѓорѓи Капчев 31“, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“.
Во Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот струја ќе немаат објектите на фирмата „СТХ ДОО Скопје“ во кругот на Стаклара, како и дел од околните објекти.
Во општина Бутел, односно во населбата Радишани, во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат потрошувачите од дел од улица „Боро Кралевски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…
Во сервис за возила на улица „Железничка“…
Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…
Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…