Десет турски државјани се обиделе нелегално да ја преминат македонско-грчката граница
Околу 00:40 часот по полноќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица спречиле обид за илегално преминување на државната граница.
„При преземање мерки и активности, од слобода е лишен М.А.(42) од Република Албанија, за кого постои сомнение дека бил водич на група од десет турски државјани, на возраст од 15 до 61 година, кои имале намера илегално да ја преминат државната граница.
М.А. е задржан во Полициската станица од општа надлежност Гевгелија, додека турските државјани се задржани во Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица и истите ќе бидат изведени пред надлежен суд“, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Десет турски државјани се обиделе нелегално да…
Околу 00:40 часот по полноќ, полициски службеници…
Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои…
Околу 3.800 мигранти кои пристигнаа од Мароко…
Сеута предупредува дека е „на работ на…
Шпанија побара од Европската комисија поддршка од…
Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од…
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека…
Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…
Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…