Детали за сообраќајката на патот Кичево-Гостивар: Се судриле сканија од Албанија со автомобили од Кичево, Будимпешта и Ниш, едниот возач е тешко повреден
Автомобили од Кичево, Будимпешта и Ниш како и сканија со албански регистарски таблици учествувале во вчерашната сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар, соопшти МВР.
„На 30.05.2026 во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(62) од кичевското село Грешница, товарно возило „сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.С.(60) од Делисуфај, Република Албанија, патнички автомобил „бмв“ со унгарски национални ознаки, што го управувала В.К.(45) од Будимпешта и патнички автомобил „фиат“ со српски национални ознаки, што го управувала М.Г.(32) од Ниш. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на првото возило кој, поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од полицијата.
Увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за сообраќајката на патот Кичево-Гостивар: Се…
Автомобили од Кичево, Будимпешта и Ниш како…
Приведени шест возачи поради безобѕирно управување –…
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници…
Шалтерот за издавање на одобрение за патување…
Поради зголемен обем на работа, шалтерите за…
Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Три од четирите возила кои се судрија…
Двајца луѓе се повредени, од кои еден…