Детали за сообраќајката на патот Кичево-Гостивар: Се судриле сканија од Албанија со автомобили од Кичево, Будимпешта и Ниш, едниот возач е тешко повреден
Автомобили од Кичево, Будимпешта и Ниш како и сканија со албански регистарски таблици учествувале во вчерашната сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар, соопшти МВР.
„На 30.05.2026 во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(62) од кичевското село Грешница, товарно возило „сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.С.(60) од Делисуфај, Република Албанија, патнички автомобил „бмв“ со унгарски национални ознаки, што го управувала В.К.(45) од Будимпешта и патнички автомобил „фиат“ со српски национални ознаки, што го управувала М.Г.(32) од Ниш. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на првото возило кој, поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од полицијата.
Увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…