Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари
Она што премиерот Мицкоски го најави утрово Регулаторната комисија за енергетика само го официјализираше. Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 1,5 денар ,дизелот за 2,5 денари, екстра лесното масло за 3,5 денари, додека мазутот се намалува за 2,084 денари по килограм.
Па така, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 96,5 денари за литар. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат пад кај сите деривати, при што најголемо намалување има кај мазутот. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот бележи благо намалување, што исто така влијае врз конечната пресметка.
Експертите по енергетика велат дека благиот пад на цената е директна последица на мировните преговори.
Според Андонов и идниот период ќе биде неизвесен во однос на цените кај дериватите бидејќи ситуацијата на светските берзи е исклучително нестабилна поради геополитичките превирања.
Одредени аналитичари прогнозираат дека на светско ниво се очекува нов удар во вториот квартал од годинава.Според главните анализи и пазарни проекции цената на нафтата од типот Brent се очекува да го достигне својот целосен врв токму во овој втор квартал или цената да се искачи на 115 -120 долари за барел.За жал долгорочните прогнози укажуваат дека цените ќе останат високи во текот на целата пролет и почетокот на летото а стабилноста е сè уште далеку.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: На Европа ѝ е неопходна енергија
Доналд Трамп жестоко ја критикуваше енергетската политика…
Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините за…
Она што премиерот Мицкоски го најави утрово…
Кина: Опасна и неодговорна е американската блокада…
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи,…
Студентите за утре најавија протест поради оданочување…
Студенти кои биле на студентска работа во…
Член на полскиот парламент го покажа знамето…
Конрад Беркович, член на полскиот парламент од…