Објавено на:

Кина: Опасна и неодговорна е американската блокада на иранските пристаништа

t

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека Пекинг ја смета американската блокада на иранските пристаништа за „опасна и неодговорна“.

Џиакун рече дека и покрај привременото примирје договорено од релевантните страни, САД го зголемиле военото распоредување и вовеле насочена блокада, потег што би можел да го влоши конфликтот, да го поткопа кревкото примирје и дополнително да ја загрози безбедноста на пловидбата низ теснецот.

– Кина ги повикува сите страни да го почитуваат примирјето, да останат посветени на дијалогот и мировните преговори, да преземат практични чекори за намалување на регионалните тензии и што е можно поскоро да го вратат нормалниот премин низ теснецот, рече Џиакун, пренесе Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…