ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите од изборите во Брвеница: Аркин Јахији – градоначалник на општината

t

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница усвои заклучок за објавување конечност на резултатите од вториот круг предвремени избори во Брвеница, врз основа на записникот добиен од Општинската изборна комисија на Брвеница, во кој се констатира изборот на Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција. Со усвоениот заклучок на ДИК, Аркин Јахији од НАИ е градоначалник на Брвеница.

– Во рок од 24 часа од приемот на решението по приговорот за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите преку ДИК до Управниот суд не е поднесена тужба и со тоа се исцрпени сите правни лекови во однос на постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати, по што се исполнети законските услови ДИК да донесе заклучок за објавување конечност на резултати од спроведените предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница, рече претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ.

Членовите на ДИК на 28. седница усвоија и заклучок дека на 6 ноември 2026 се завршени предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница.

Маричиќ му го честиташе градоначалничкиот мандат на Јахији, а на Општинската изборна комисија Брвеница – успешно спроведените избори во двата круга, на 18 октомври и 1 ноември 2026.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…

ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…