Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него“
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров предлага измени на законската регулатива со кои би се овозможило поефикасно санкционирање на несовесното однесување на граѓаните, особено кога станува збор за незаконско фрлање отпад.
Како пример за вакво однесување се посочува неодамна објавената снимка на која се гледа жена како излегува од автомобил „Порше“ во близина на реката Лепенец, по што остава отпад на локацијата и си заминува.
-Првиот инстинкт кога ја видов снимкава ми беше да предложам еден нов граѓански договор: следниот што ќе го фатиме како фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него во реката.
Но, ајде да бидеме ние големи и да видиме што од ова конструктивно може да излезе.
Еве еден предлог:
„Госпоѓата“ со Поршето, која излезе од автомобилот, си ја фрли кесата со ѓубре во Лепенец и на жената што ја сними уште ѝ мавна со „чао“, е пронајдена и казнета.
Арно ама казната според Законот за јавна чистота е 40 евра. Ако ја плати навреме – 20 евра.
Дваесет евра за намерно да фрлиш ѓубре во река. Навистина е смешно. И трагично.
Затоа, еве конкретна иницијатива: да се изменат членовите 14, 33 и 40 од Законот за јавна чистота, како и да се усогласи член 134 од Законот за управување со отпадот, така што за намерно фрлање отпад во реки, езера и други водни тела да има:
Минимална глоба од 1000 евра + задолжителна општокорисна работа, најдобро токму во комуналните служби – чистење на она што некој друг решил да го фрли.
Патем, законот веќе познава општокорисна работа, но судот само може да ја изрече.
За вакви случаи треба и мора да биде задолжителна.
Инаку, Законот за управување со отпадот, најдиректниот и посилниот основ, бидејќи конкретно го опфаќа оставањето/фрлањето отпад во или покрај водни тела (реки, езера итн.), е со глоба 250 € за физичко лице (член 37 став 6, во врска со член 134 став 3.)
И огромна почит за жената што ја снимила. Така се чува јавниот простор и така се создава притисок за институциите да си ја работат работата.
Еве нема да ги фрламе, ама мораме да ги снимаме!
А за „госпоѓата“ со Поршето што да се каже… Вие сте брука.
Голема брука. И богами се прославивте!
Чао
P.S: Ако сте ЗА, “Солуција” ќе покрене акција за законски измени!, напиша Димитров на Фејсбук.
Снимката предизвика реакции во јавноста, особено поради тоа што фрлањето отпад на несоодветни места е еден од проблемите со кои подолг период се соочуваат повеќе локации во Скопје и околината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што…
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров…
(Фото) Во општина Центар врие глувци
На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“…
Македонија подготвува стратегија и закон за вештачка…
Македонија се подготвува за прв посериозен обид…
Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада…
Ние не сме сами во светот. Во…
Експертска група на ОН утврди дека има…
Експертска група за човекови права на Обединетите…