Објавено на:

Директорот на полицијата во Благоевград сменет по апсењето на новинарката во Струмјани

t

Со наредба на министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, Илијан Тупаров повеќе не ја извршува функцијата директор на Регионалната дирекција на МВР – Благоевград. Тој претходно бил привремено назначен на функцијата со наредба на Емил Дечев.

Одлуката на министерот е донесена поради постапувањето на полициски службеници од Регионалната дирекција на МВР – Благоевград за време на инцидентот во Струмјани, каде што беше приведена новинарката Гергана Петрова.

„Директорот не го пријавил случајот навремено, а реакцијата на службениците на терен ги надминува неопходните дејствија“, изјави министерот за внатрешни работи.

Тој додаде: „Гарантирањето на правата и слободите на бугарските граѓани е основен приоритет на МВР“.

Петрова беше приведена за време на посетата на премиерот Румен Радев на Струмјани. На видеото од инцидентот, кое се прошири на социјалните мрежи, се гледа како тројца полицајци се обидуваат да ја внесат новинарката во полициски автомобил, додека таа се спротивставува.

„Ништо лошо не сум направила, не сум го прекршила законот. Ова е моето село“, вели Петрова на снимката, додека присутни граѓани ги прашуваат полицајците зошто ја приведуваат.

Причините за нејзиното приведување во моментот на инцидентот не беа јасно објаснети. Петрова претходно редовно известувала за последиците од невремето во Струмјани, проблемите со инфраструктурата и водоводната мрежа, како и за незадоволството на локалното население од зголемувањето на цената на водата.

Смената на директорот на МВР во Благоевград доаѓа откако случајот со приведувањето на новинарката предизвика реакции во јавноста и отвори прашања за постапувањето на полицијата кон новинарите и граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на полицијата во Благоевград сменет по…

Со наредба на министерот за внатрешни работи…

Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…

Бугарија денес ја доби првата исплата од…

(Видео) „Снимам, не правам ништо лошо“ –…

Новинарката Гергана Петрова е уапсена за време…

 „Бегајќи“ од „Сејф сити“ во Македонија, српските…

Сè поголем број српски туристи ја избегнуваат…

Поранешни бугарски полицајци осудени на по 7…

Тројца поранешни припадници на бугарското Министерство за…