Објавено на:

До крајот на 2027 година Србите ќе имаат минималец од 650 евра?

t

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека минималната плата моментално изнесува 65.554 динари или 551 евро, и дека за прв пат минималната потрошувачка кошничка во Србија е опфатена со минималната плата.

„Само за споредба, во 2010 година минималната плата беше 15.000 динари. Значи, огромна разлика“, изјави Мали за РТС.

Тој истакна дека преговорите за висината на минималната плата со работодавачите и синдикатите ќе почнат на 10 август.Вели дека ветиле дека до крајот на 2027 година минималецот ќе биде 650 евра и работат тоа да го остварат.

„Значи, на 10 август ќе започнеме преговори и со работодавачите и со синдикатите за износот на минималната плата од 1 јануари следната година. Ветивме, како што знаете, во програмата „Србија 2027“ дека ќе имаме минимална плата од 650 евра до крајот на 2027 година и сме на добар пат да го исполниме тоа ветување“, кажа Мали.

Вели дека помалку од 100.000 луѓе примаат минимална плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на 2027 година Србите ќе…

Првиот потпретседател на Владата на Србија и…

Сервисираниот ер трактор повторно ставен во функција…

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше…

САД ги предупредија граѓаните на Блискиот Исток:…

Американските амбасади во неколку престолнини на Блискиот…

Делови од Дебар соочени со недостиг на…

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар апелира…

Инфантино се откажа од идејата по заканите…

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа…