Додека бил во Србија му го ограбиле домот: Боки 13 се огласи, МВР потврди случај
Бојан Јовановски – Боки 13 објави дека бил жртва на тешка кражба и провала во неговиот дом во Скопје, која, како што наведе, се случила во раните утрински часови.
Во објава на социјалните мрежи, Јовановски потврди дека во моментот на настанот не бил во државата.
„Точно е дека бев жртва на тешка кражба и провала во мојот дом во Скопје, која се случила во раните утрински часови денеска. Точно е и дека во моментот на настанот се наоѓав во Белград“, напиша Јовановски.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека денеска била примена пријава за кражба во дом во населбата Бардовци.
„Денеска (23.06.2026), од женско лице телефонски е пријавена кражба во дом во Бардовци. Полициски службеници излегоа на лице место, при што сопственикот не бил затекнат. Увид ќе се врши дополнително“, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додека бил во Србија му го ограбиле…
Бојан Јовановски – Боки 13 објави дека…
Трамп: Американската администрација се обидува да постигне…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Данска ќе распореди војници на редовна воена…
Данскиот министер за одбрана Јепе Брус изјави…
Австрија нуди до 3000 евра за доброволно…
Австриската влада најави нов пакет мерки со…
Унгарија повторно го блокираше пристапувањето на Украина…
Според „Политико“, Унгарија го суспендираше прегледот на…