Трамп: Американската администрација се обидува да постигне фер договор
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација се обидува да постигне фер договор со Иран. Трамп нагласи дека односите меѓу Вашингтон и Техеран функционираат добро. Трамп, исто така, остро го критикуваше Сенатот откако усвои резолуција за воени овластувања во врска со Иран, оценувајќи дека гласањето се случило во „лошо време“ и дека ја ослабнало позицијата на Вашингтон во односите со Техеран.
Тој нагласи дека Иран е подготвен да направи отстапки и дека за прв пат по децении покажува почит кон САД и претседателот на САД.
„Иран е на јажиња, подготвен да падне, да ни даде практично сè, за прв пат по децении, почитувајќи ги САД и нивниот претседател, мене, и Сенатот на САД одлучи да гласа за Законот за воени овластувања, во лошо време и без смисла, кажувајќи му на спонзорот број еден на теророт во светот дека на САД не им се допаѓа она што им го правам и дека морам да престанам, а со тоа му пружив помош и утеха на непријателот“, рече Трамп.
Тој оцени дека усвојувањето на резолуцијата испратило сигнал до Иран дека дел од американскиот политички естаблишмент се спротивставува на неговата политика кон таа земја. Трамп, исто така, ги обвини големите нафтени компании дека не ги намалуваат цените на горивата на бензинските пумпи и покрај, како што изјави, значителниот пад на цените на нафтата на пазарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…