Објавено на:

Додик: РС може веднаш да побара прием во безбедносниот договор меѓу Србија и Унгарија

t

Претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска може да побара прием на статус во безбедносниот договор меѓу Србија и Унгарија, додавајќи дека официјална Бањалука може да биде набљудувач, член или само соработник во полицијата или во некои други разузнавачки прашања.

Треба да разговараме со нашите пријатели во Унгарија за да се договориме за посебните врски со Унгарија, рече Додик на тематската седница на Владата на РС, пренесува РТРС.

Додик истакна дека е сосема природно РС да бара заштита на Дејтонскиот договор и нејзината позиција од Србија и Хрватска, бидејќи тие две земји се потписнички на рамковниот договор.

Тој најави дека истото ќе го бараат и Русија, Соединетите Американски Држави и Франција, бидејќи тие се гаранти на Дејтонскиот договор.

Додик оцени дека РС е стабилна, не е во опасност по безбедноста, „е одржлива во речиси невозможната политичка средина наречена Босна и Херцеговина и условите на меѓународните фактори“.
Report Ad

Премиерот на РС, Радован Вишковиќ изјави дека економските показатели од 2018 година, откако тој е на чело на владата, покажуваат раст на бруто домашниот производ.

„Во 2018 година БДП на Српска беше 10,7 милијарди конвертибилни марки, а на крајот на 2024 година ќе биде близу 18 милијарди“, рече Вишковиќ.

Жељка Цвијановиќ, претседателка на Претседателството на Босна и Херцеговина од српската етничка заедница , на тематската седница на Владата изјави дека никој во РС никогаш до сега не спомнал војна, нестабилност и пукање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик: РС може веднаш да побара прием…

Претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад…

Трамп за царините: Ова е економска револуција…

Големото зголемување на царините воведени од американскиот…

Крстевски: Власта на ДПМНЕ ја претвори трагедијата…

По катастрофалната трагедија во Кочани, во која…

Ахмети: Нема договор со Таравари

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…