Ахмети: Нема договор со Таравари
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со албанскиот претседател Бајрам Бегај во Софија, изјави дека нема никаква спогодба со министерот за здравство и коалицискиот партнер на ВЛЕН, Арбен Таравари.
„Со Таравари нема договор, тоа е нивна внатрешна работа. Дали ќе бидат сервис на оние што ги газат правата на Албанците – тоа е нивен избор“, рече Ахмети и порача дека ДУИ не е „резервна гума“, ниту ќе служи како политичка алатка во рацете на Христијан Мицкоски.
Ахмети остро реагираше и на моменталната состојба со правата на Албанците во земјава, велејќи дека се создава перцепција како пред 2001 година.
„Албанското прашање е деградирано. Албанците изгубија важни позиции. Македонците не треба да се радуваат што институционално нѐ победиле, бидејќи секој таков пораз носи нови ризици“, рече лидерот на ДУИ.
Тој потсети дека Албанците се еднакви граѓани и нема да дозволат да се нарушат достигнувањата од Охридскиот договор.
Средбата на Ахмети и Бегај се одржа во рамки на безбедносен форум во Софија, каде албанскиот претседател се сретна и со делегации од ВЛЕН и ДУИ, како и засебно со Арбен Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…