Доктор и медицинска сестра претепани од татко и син пред поликлиниката „Јане Сандански“, Лекарската комора бара затворски казни
Доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош биле физички нападнати пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, а според пријавата, напаѓачи биле татко и син.
Случајот предизвика реакција од Лекарската комора, која најостро го осуди насилството врз здравствените работници додека ги извршуваат своите професионални задачи.
Од Комората бараат Министерството за внатрешни работи и надлежните правосудни органи итно да го расчистат случајот и сторителите да бидат соодветно санкционирани. Потсетуваат дека нападот врз здравствен работник при вршење на професионалната дејност се третира како кривично дело, за кое е предвидена затворска казна до пет години.
„Недозволиво е докторите и медицинскиот персонал да бидат изложени на физичко и вербално насилство и да работат во услови на загрозена безбедност“, наведуваат од Лекарската комора.
Оттаму најавуваат целосна правна и психолошка поддршка за повредените колеги и повикуваат на дополнителни мерки за поголема безбедност на здравствените работници на нивните работни места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор и медицинска сестра претепани од татко…
Доктор и медицинска сестра од Итната медицинска…
Лекар најави штрајк со глад откако третпат…
Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски најави…
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…