Докторот кој се жалеше на дискриминација при вработување започна протест со глад во шатор пред Деканатот на Медицинскиот факултет
По 15 дена без, како што вели, одговор од надлежните институции, д-р Дарко Василевски денеска започна мирен протест со штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.
Василевски, лекар и приватен специјализант, преку објава се заблагодари на сите кои му дале поддршка во изминатите денови и порача дека протестот не е насочен кон ниту едно лице.
„Ова не беше одлука која ја донесов лесно. Ова не е насочено кон никого лично“, наведе тој.
На местото каде што протестира, поставил клупа, а во текот на денот најави и поставување шатор. Вели дека таму ќе престојува 24 часа дневно во периодот што следи.
Причината за протестот е спорот околу последниот оглас за вработување двајца доктори по медицина на неопределено време во Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија.
Василевски претходно тврдеше дека возраста била земана предвид при неговите претходни конкурирања за работно место на Медицинскиот факултет. Според неговото сведоштво, уште во 2022 година од член на комисијата добил порака дека е „стар“, дека не му е местото таму и дека не може академски да напредува.
На интервјуто во 2023 година, според него, повторно било отворено прашањето за неговата возраст, додека на последниот оглас во 2026 година тврди дека член на комисијата директно му рекол: „Ти си 80-то годиште“.
Василевски вели дека ги исполнувал условите од последниот оглас и дека бил единствениот од кандидатите кој ги поминал сите турнуси од специјализацијата по спортска медицина, чија програма и спроведување ги опфаќа институтот.
На 14 септември Медицинскиот факултет го известил дека за двете работни места се избрани Слободан Доксимовски и Дарко Серафимовски и дека со нив ќе бидат склучени договори за вработување на неопределено време. Во доставеното известување, според документите со кои располага „Скопје1“, не биле наведени критериумите според кои бил извршен изборот објави порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лани дипломирале 12.2 насто повеќе од 2020,…
Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти…
УКИМ продуцирал 134.600 високостручни кадри, над 13.800…
За 73 години постоење На денешен ден…
Изpaелски експерт по микpoбиологија и имунологија pacпали:…
Професорот Ехуд Кимрон, раководител на Катедрата за…