(Документи) Над 4 милиони денари за стотина „договорци“ во Државна лотарија, меѓу нив професори, инфлуенсери, пејачи и партијаши!
Од 35.000 до 60.000 денари месечно Државна лотарија на Македонија им исплаќа на надворешни лица ангажирани за вршење на определени работи. Според документите во кои увид имаше редакцијата на Инфомакс, бројот на тие лица е нешто помал од сто, меѓутоа официјални информации од Државната лотарија на Македонија сѐ уште не добивме.
На списоците во кои увид имаше Инфомакс се појавуваат имиња на повеќе познати личности. На пример професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Борче Давитковски, пејачката Аделина Тахири која има и албанско државјанство, режисерот и истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Дамовски, како и инфлуенсерот Кристијан Станковски познат како Бомбакис и поранешниот член на Правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ и дел од тогашното реформаторско крило, Глигор Чатмов.
Голем дел од лицата се на возраст од дваесетина години, а добар дел од нив се членови и активисти на владејачките партии.
Комплетниот список во продолжение.







Овие лица ја чинат Државна лотарија над 4 милиони денари месечно.
Инфомакс испрати прашања до Државната лотарија на Македонија, односно побаравме информации колку надворешни лица се ангажирани со авторски договори и договори за дело, за какви ангажмани станува збор односно какви работни задачи имаат, колкави се нивните месечни нето примања и дали постојат извештаи за нивната работа. До овој момент одговори немаме добиено, а доколку добиеме одговори истите ќе бидат објавени во дополнување на овој текст.
Согласно Закон, Државна лотарија како и сите претпријатија во државна сопственост и органи на државната управа мораат податоците да ги објават на системот „open finance“. Доколку ги пребарате овие лица во системот нема да најдете ништо, односно некој веројатно сака овие податоци да останат тајни.
Државна лотарија е акционерско друштво одговорно за приредување игри на среќа за граѓаните на територија на Република Македонија. Компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.
Државна лотарија е членка на Европската асоцијација на лотарии што овозможува редовна размена на искуства со тимовите на државните лотарии на Европа, што се одразува на побрзиот раст и развој на компанијата.
На 5 август 2025 година за нов директор на Државната лотарија беше назначен професорот од правниот факултет „Јустинијан Први“, Александар Климовски, кој беше дел од тимот стручни соработници на Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
А.Митовски
А.Петровска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум општини ќе добијат пари од Швајцарија…
7,5 милиони швајцарски франци ќе бидат распределени…
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Внатрешните несогласувања во ЕУ се пречка за…
Компромисот во блокот е попречен од подемот…
САД: Немаме повеќе пари за финансирање на…
Американската влада нема повеќе пари за финансирање…