„Доста со англискиот“: Трамп ќе го прогласи „американски“ за официјален јазик на САД пред 250-годишнината?
Како што се приближува 250-годишнината од основањето на САД, претседателот Доналд Трамп е повикан да го промени името на јазикот во земјата, пренесува „Фокс Њуз“.
Писателот Роб Локвуд, поранешен советник на Даг Бургам, гостуваше во емисијата „Фокс енд Френдс“ во саботата, каде го образложи својот текст во „Вашингтон пост“, во кој предлага САД да усвојат сопствен јазик.
„Доста со англискиот. Доста со американски англиски. Да го наречеме она што е: американски“, изјави Локвуд.
Тој смета дека Трамп има можност да ја оддалечи земјата од таканаречениот „кралски англиски“, истакнувајќи дека иако САД се одвоиле од Британија пред два и пол века, јазикот и понатаму останал врзан за минатото. Локвуд го нарече сегашното име „реликт на режимот“ и оцени дека ваквата промена би имала долгорочно значење.
„Ако некогаш имало време да се застане во одбрана на Америка и на говорењето американски, тоа е 250-годишнината од слободата“, рече тој.
Локвуд додаде дека САД веќе развиле сопствена верзија на јазикот, која ја нарече „доминантна еволуција“ и која, според него, треба официјално да се признае.
Тој истакна дека идејата не е нова и дека за неа размислувале и историски личности како Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Ноа Вебстер, познат како основач на Вебстеровиот речник.
Претседателот Трамп веќе направи промени поврзани со јазикот за време на својот втор мандат. Во март 2025 година, тој потпиша извршна наредба со која англискиот јазик беше прогласен за официјален јазик на Соединетите Американски Држави.
„Нашите историски државни документи, вклучително и Декларацијата за независност и Уставот, се напишани на англиски јазик. Затоа одамна е време англискиот да биде прогласен за официјален јазик на САД“, соопшти Белата куќа.
Администрацијата наведе дека целта на оваа одлука е обединување на земјата, како и дека таа е дел од пошироки напори за ребрендирање, меѓу кои и преименувањето на Мексиканскиот Залив во „Залив на Америка“ во јануари 2025 година.
Локвуд оцени дека ваквата промена може да изгледа мала, но дека ќе има долгорочни последици.
„Промената на јазикот е трајна. Тоа е нешто што ќе остане со нас до крајот на нашите животи“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Доста со англискиот“: Трамп ќе го прогласи…
Како што се приближува 250-годишнината од основањето…
(Видео) Трамп: Десет минути откако ги откажав…
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека…
Иранската војска предупредува: „Морската блокада ќе предизвика…
Иранската војска предупреди дека секоја продолжена „морска…
Кралот на Данска патуваше низ Гренланд со…
Данскиот кралот Фредерик X патувал низ Гренланд…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…