Објавено на:

(Видео) Трамп: Десет минути откако ги откажав преговорите, стигна многу подобра понуда

t

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека добиле значително подобра понуда од Иран само десет минути откако тој објавил дека го откажува патувањето на своите претставници на разговорите со иранската страна.

Трамп ова го изјави во разговор со новинарите во Флорида, непосредно пред да се качи на „Ер Форс Уан“ и да замине за Вашингтон.

„Ни дадоа документ кој требаше да биде подобар, а интересното е што веднаш откако го откажав патувањето, во рок од десет минути, добивме нов документ кој беше многу подобар“, рече Трамп.

И покрај тоа што оцени дека новиот ирански предлог е поквалитетен, американскиот претседател нагласи дека сè уште не е целосно задоволен од понуденото.

На прашање од новинар на „Си-ен-ен“ за деталите од новата понуда, Трамп не сакаше да открие повеќе информации.

„Понудија многу, но сè уште не е доволно“, изјави кратко Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…