Доцни исплатата за социјална помош и детска заштита

t

Исплатата на правата за социјална помош и детска заштита веќе со денови доцни и не е исплатена на најранливите категории во државата.

До редакцијата на „Инфомакс“ стигнаа десетици пораки и поплаки од граѓани кои не ги добиле средствата за социјална помош и детска заштита. Граѓаните се загрижени кога ќе им се исплатат средствата кои им следуваат.

„Инфомкас“ побара одговор од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

„Министерството за социјална политика, демографија и млади Ве информира дека целата постапка околу подготовка на исплатата на правата од социјална и детска заштита е завршена од страна на службите на министерството.

Воедно, Ве известуваме дека се очекува исплатата да биде реализирана во најкраток можен рок.“

Претходно „Инфомкас“ пишуваше за доцнењето на надоместокот за породилно отсуство, а тогаш од министерството ни одговорија дека тоа е нормално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе го спасува споменикот „Македониум“ во…

 Обезбеден е проект за интервентна заштита на…

Бугарската влада одобри 460.000 евра помош за…

Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади…

Дали треба да излеземе на улица за…

Дали крикот на Личните Асистенти ке биде…

СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани…

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе…

Клиниките во Софија и Варна подготвени да…

Бугарскиот премиер премиерот Росен Жељасков нареди целосна…