СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани – 934 милиони денари помош за настраданите

t

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.

– Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, со цел да се предвидат 934.340.000 денари како директна помош за погодените семејства. Средствата предвидуваат еднократен надомест за загинатите и финансиска поддршка на повредените, во согласност со степенот на инвалидност – рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната комисиска расправа за ребаланс на буџетот.

Сапсовски потенцираше дека овој амандман е продолжение на иницијативата на СДСМ за носење на Законот за поддршка на настраданите во Кочани — закон што сè уште чека да биде разгледан во надлежната комисија.

– Очекувавме разбирање, солидарност и човечност во оваа постапка, особено затоа што се работи за директна помош на луѓе кои преживеаја хорор, а многу семејства загубија најмили. За жал, власта реши да не покаже ниту политичка ниту човечка волја да застане зад оваа иницијатива. Наместо единство и одговорност, видовме блокада и игнорирање на најголемите страдања на нашите граѓани – потенцираше Спасовски.

СДСМ останува цврсто посветен на принципите на солидарност и хуманост. Подготвени сме да ги повлечеме сите останати амандмани, доколку власта се премисли и го прифати овој – затоа што веруваме дека нема поважна тема од оваа.

– Ниту едно патче, ниту еден канал, ниту едно вработување не е поважно од тоа да помогнеме таму каде што болката е најголема. Ова не е прашање на политика, туку прашање на човечност. Повторно повикуваме на разум и солидарност. Народот во Кочани и цела Македонија заслужува да знае дека институциите не се глуви на нивната болка – кажа Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…

Жерновски бара Обвинителството да отвори истрага за…

Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит…