Драматична победа на Македонија над Романија, решавачки беше еден гол, додека Италија беше подобра од Полска
Во рамките на Групата Б, репрезентацијата на Македонија во драматичен финиш ја совлада Романија со 24:23 (13:9) на натпреварот во Хернинг.
Македонците до победата стигнаа со гол во последната минута, иако во текот на мечот имаа и предност од пет погодоци. Со оваа тешко извојувана победа, селекцијата на Македонија задржа само теоретски шанси за пласман, бидејќи за квалификација ќе биде потребно Португалија да загуби од Данска со разлика од 17 или повеќе голови сценарио што тешко дека ќе се оствари.
Најефикасен во македонските редови беше Кузмановски со девет голови, додека кај Романија се истакна Нистор со осум погодоци.
Во натпревар без резултатско значење во Групата Ф, одигран во Кристијанштад, Италија ја совлада Полска со 29:28 (15:13).
Хелмерсон и Менгон постигнаа по шест голови за „аѕурите“, а кај Полска не помогна ниту одличниот Чаплински со 11 реализации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драматична победа на Македонија над Романија, решавачки…
Во рамките на Групата Б, репрезентацијата на…
„Летал по автопатот со 293 км/ч!“ –…
Министерството за внатрешни работи брзо реагираше по…
Макрон му се потсмеваше на Трамп во…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес зборуваше на…
Ахмети го исполнува договорот со Мицкоски: ДУИ…
Пратеничката група на ДУИ сепак ќе ги…
Кривична пријава за „недозволено стекнување и прикривање…
На 20 јануари 2026 година, Единицата за…